„Немам мислење за Јовески, моите забелешки се дека тој ја потврди онаа старата: молчењето е злато или во случајов, молчењето е дијамант. За јавноста не е прифатлив човек кој ги претрпел неправдите туку човек кој молчел а молчењето е согласување во времиња кога треба да се крене гласот“ рече Александар Тортевски, адвокат и гостин во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија.
„Во разузнавачките кругови тоа се нарекува спијач“ рече Тортевски. Според него, во изборот на Јовески, кој е на година и пол пред пензија, постои некој „дил“ а на прашањето што треба тој да одработи, Тортевски кратко одговори: „или одработил“.
Според Тортевски, требаше да биде избран човек од надвор бидејќи тој не би имал хипотека за се она што се случуваше и за нивото на кое е донесено јавното обвинителство.
Критикувајќи го изборот на Јовески, имајќи во предвид дека тој од никаде се извлекува за јавен обвинител, Тортевски посочи дека новиот јавен обвинител најверојатно е партиско решение.
Тортевски е еден од адвокатите кои изминатиов период одработуваше за СДСМ и СЈО, а портпаролот на Специјалното обвинителство, Ленче Ристовска и јавно призна дека адвокатите се на нивниот платен список.
Начинот на кој што мнозинството го смени јавниот обвинител Марко Зврлевски, начинот на кој што е извршен изборот на Јовески и коментарите на Тортевски укажуваат дека ветувањата на СДСМ за непристрасен обвинител кој би го предлагала опозицијата се уште една лага.