April 26, 2024, 11:10 pm

Новите заменици министри ќе бидат изгласани во четврток?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потврдувањето на вонредната состојба ќе биде на дневен ред по измените во законите за основно и средно образование. Извори од пратеничките групи велат дека во вчерашната координација било одлучено усвојувањето на измените на законите за образование и избор на заменици министри да се случи во четврток, кога Владата ќе ги предложи имињата на кадрите од втор ешалон. Доколку извршната власт не ги предложи имињата, алтернативниот датум за пленарна седница останува 21 септември. Иако парламентарното мнозинство доби доволно време за преговори, се дознава дека се уште не ги обезбедило потребните 2/3 од пратениците за да се потврди вонредната состојба.

Од СДСМ не кажуваат дали работат на обезбедување на 80 гласа, додека од ВМРО ДПМНЕ велат дека се подготвени да дебатираат кога предлозите ќе бидат на дневен ред. Од партијата на Христијан Мицкоски се дознава дека нема безусловно да ја поддржи потврдата. Дури, опозицијата претходно предупредуваше дека покрај одлуките на претседателот, сите одлуки што Владата ги донесе за време на вонредната состојба како мерки против Ковид – 19 треба да бидат разгледани и дебатирани во Собранието.

Во петте циклуси што Владата и Претседателот ги прогласија за вонредна состојба, Владата донесе преку 250 одлуки преку укази со сила на закон. Повеќето од нив беа економски мерки и рестриктивни мерки. Неофицијално, опозицијата главно ја оспорува владината финансиска помош за компаниите.

Извор: Алсат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This