НОВИТЕ ПРАТЕНИЦИ ВО СРЕДА ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ УВЕРЕНИЈАТА: ВМРО-ДПМНЕ мандатар, СДСМ си останува опозиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија вечерва одржа прес-конференција на која претседателот Александар Чичаковски ги потврди резултатите од прегласувањето во општина Теарце кои беа објавени на официјалната страница на комисијата пред неколку часа.

dik-1

 

За СДСМ гласале 245 лица, за ВМРО-ДПМНЕ 149, ВМРО за Македонија добила 2 гласа, ДУИ 1, ДПА 2, Алијанса за Албанците 1, а имало и 3 неважечки ливчиња.

– Врз основа на резултатите и од останатите избирачки места од шестата изборна единица, ДУИ има освоено 6 мандати, ВМРО-ДПМНЕ 4 мандати, СДСМ 3 мандати, Беса 3 мандати, Алијанса за Албанците 2 мандати и ДПА 2 мандати. Конечните резултати ќе бидат објавени откако ќе се заврши постапката по евентуалните приговори од политичките партии – рече Чичаковски.

И покрај прегласувањето мандатите на политичките партии, останаа непроменети, ВМРО-ДПМНЕ има вкупно 51 пратеничко место, СДСМ 49 мандати, ДУИ 10, движењето Беса 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2 мандати.

Чичаковски соопшти дека ДИК во среда до Собранието ќе ги достави уверенијата за избраните пратеници, заедно со извештајот за спроведените избори. Доколку до истиот термин бидат готови и конечните резултатите од ИЕ6, ќе ги достават и уверенијата за пратениците избрани во оваа изборна единица.

ДИК оцени дека гласањето денеска поминало мирно и во фер атмосфера и дека до комисијата не пристигнале приговори и забелешки за изборни нерегуларности при гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This