Новите талибански министри не покажуваат желба за промена или за цивилна влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На клучните министерски места во секторите одбрана и финансии во привременото тело кое ќе ја има улогата на влада на Авганистан, талибаните ги именувале своите истакнати ветерани, изјавиле двајца високорангирани припадници на радикалното исламистичко движење коешто настојува да го префрли фокусот од ненадејното и лесно воено освојување на земјата на начинот како таа ќе биде водена во кризата.

Талибаните формално не ги објавија именувањета, за кои еден од нивните борбени команданти вели дека се преодни, но авганистанската новинска агенција Pajhwok уште вторникот објави дека министер за финансии станал Ѓул Ага, а Садр Ибраим е именуван за министер за внатрешни работи.

Поранешниот затвореник во американскиот воен затвор за исламистички терористи во Гвантанамо, мула Абдул Куајум Закир е именуван за привремен министер за одбрана, објави панарапскиот телевизиски канал Al Jazeera, повикувајќи се на талибански извори.

Неименуван фунцкионер на талибаните ги потврдил за агенцијата Reutеrs министерските именувања, откако милитантите ја преземаа контролата над сите владини канцеларии, претседателскиот дворец и парламентот. Високорангиран политички стратег на талибаните додал дека покраински гувернери ќе бидат некои од најискусните талибански команданти во 20-годишната граѓанска и војна против странските трупи.

Одредени политички коментатори наведуваат дека на позициите во владата главно се именувани талибански воени команданти од јужните покраини Хелманд и Кандахар.

„Тоа се познати имиња… Тие (талибаните) и не покажуваат особена желба за промена или за цивилна влада“, вели Ешли Џексон, директорка на Центарот за проучување вооружени групи при институтот „Overseas Development“ од Осло.

Се претпоставува дека споменатиот Ѓул Ага е веројатно Ѓул Ага Ишказаи, шефот на комитетот за финасирање на талибаните, и личност којашто е под санкции на Обединетите нации.

Абдул Куајум Закир, пак, е искусен талибански воен командант и близок соработник на оснивачот на талибанското движење, мула Омар. Закир во 2001 година беше заробен од американските сили во Авганистан, и беше заточен во воениот затвор Гвантанамо до 2007 година, според американските медиуми. Подоцна е ослободен и предаден на тогашната авганистанска влада.

Се верува дека Садр Ибраим, новиот министер за внатрешни работи, е моќна фигура од голема доверба на талибанското водство.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This