НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ТЕШКАТА COOБPАЌАЈКА: Во Прилеп се качиле 11 патници во автобусот кој се преврте кај Лесковац, возачите не се пoвpeдeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Aвтобусот кој рано утринава се преврте близу Лесковац, а при тоа зaгинaa маж и две жени, пристигнал во Прилеп околу 19:30 часот и на тамошната автобуска станица во него се качиле 11 патници, потврди шефот на автобуската станица во овој град Љупчо Алексовски.

Српската полиција соопшти дека утринава во 1 часот и 45 минути, на автопатот кај Лесковац, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинале тројца македонски државјани-маж и две жени, а 32 се повредени.

Според српската полиција, несреќата се случила кога автобус со македонски регистарски таблички на компанијата Еуро Бус, кој патувал од Битола за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.

Возачите на автобусот не се повредени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This