НОВИ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ СКИПАЛ: Нервниот агенс Новичок “произведен во Чешка минатата година”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Типот на нервен агенс кој наводно бил искористен во труењето на поранешниот руски шпион во Велика Британија бил произведен минатата година во Чешка.

Тој е произведен во мала количина, тестиран и уништен, според претседателот на државата, Милош Земан.

Тој цитираше извештај што го нарачал од агенцијата разузнавање на земјата за нервниот агенс Новичок.

Извештајот од разузнувачките служби беше нарачан од Земан откако Русија изрази сомнеж дека супстанцата што била употребена во случајот на труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери, Англија, може да потекнуваат од Чешка

Но, Земан призна дека е нејасно зошто нервниот агент бил произведен во земјата минатата година.

Претседателот Земан изјави дека чешката контраразузнавачка агенција во извештајот напоменала дека станува збор за агенсот А230, додека Земан изјави дека верува дека тоа е Новичок.

Владата веднаш не ги коментираше забелешките на Земан.

Официјални лица на Русија претходно сугерираа дека агенсот Новичок искористен во нападот на Велика Британија може да доаѓа од Чешка, Шведска или Словачка.

Чешкиот премиер Андреј Бабис пак ова обвинување го нарече лага.
Чешката Република протера тројца руски дипломати во солидарност со Британија по труењето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This