НОВИ ЗAKAHИ ОД ГРЦИЈА: Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исполнување на обврските од Договорот од Преспа, напуштање на секаков иpeдентистички елемент и почитување на владеењето на правото, се темите за кои говорел алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис на Советот за општи прашања во Брисел.

Министерството за надворешни работи на Грција, како што јавува МИА од Атина, соопшти дека на состанокот на кој главна тема била подготовката за Европскиот совет на 17 и 18 октомври, Варвициотис посебно се осврнал на спроведувањето на Договорот од Преспа, истакнувајќи дека за Грција да ја поддржи интегративната перспектива на северниот сосед, „услов од кој не се отстапува е веднаш да се исполнат обврските што произлегуваат од потпишувањето на Договорот, а се однесуваат на усогласеност со уставните промени што беа усвоени, целосно напуштање на кој било елемент на иpeдентизам и почитување на владеењето на правото“.

„Во подготовките за следниот Европски совет, на агендата беа ставени одредени теми што многу се однесуваат на Грција. Првото е проширувањето со земјите од Западен Балкан и во однос на тоа побаравме нашите соседи да го почитуваат владеењето на правото, правилата на добрососедство и секако, да им служат на договорите што ги имаат потпишано, како што е Договорот од Преспа“, рече Варвициотис по завршувањето на состанокот.

Во однос на проширувањето на унијата, тој истакнал дека Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но под поставените предуслови.

Во однос на Албанија, рекол дека услов е земјата да ги исполни во целост петте приоритети поставени од Унијата и да даде особено значење на правата на грчкото национално малцинство.

Извор:МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This