April 27, 2024, 10:38 am

Нови кадровски промени: Хари Локвенец вд директор на ЈП за железничка инфраструктура, ова се другите имиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на денешната 21 седница владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата, членови на комисии, како и други кадровски прашања.

Ова е усвоената листа на кадровски измени на владината Комисија за именувања:

1. Бејназ Арифи да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, во државна сопственост, а за член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, во државна сопственост, да го избере Скендер Мехмети.

2. Владата да ја прифати оставката од проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ и да ја разреши од должноста член на Националната комисија за учебници.

3. Владата да ја прифати оставката од Дејан Ампев и го разреши од должноста в.д. заменик координатор на Национален координативен центар за гранично управување на негово барање.

4. Владата ја прифати оставката од Муса Ибраими и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

5. Арбен Ќерими, да го именува за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за катастар на недвижности.

6. Владата ја прифати оставката од Зеќир Јакупоски да го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Центар за управување со кризи.

7. Екрем Зендели, да го именува за в.д. заменик на директорот во Центарот за управување со кризи.

8. За државен правобранител во Државното правобранителств за подрачјето на Кичево да го именува Назим Сулејмани.

9. За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Град Скопје Авдил Јонузи за Скопје

10. Согласно член 23 став 1 алинеја 3 и став 2 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2007 и 104/2015) на Јованка Ѓорѓеска да и утврди престанок на функцијата државен правобранител во Државното правобранителствоа за подрaчјето на Тетово,  поради исполнување на услови за стекнување на правото на старосна пензија, заклучно со 24.12.2020 година.

11. Владата донесе Предлог Одлука за распишување Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на за подрачјето на Тетово.

12. Сеадет Јусуфи да го именува за член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука претставник од Центарот за стручно образование и обука.

13. Олимпија Христова Заевска, да ја разреши од должноста член на Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, а за член да ја именува Ширет Елези.

14. Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот.

15. Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје, да го именува за в.д. заменик на директорот Брахим Ајвази.

16. Владата  заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници  Скопје да го именува за в.д. директор Хари Локвенец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This