Нови cлyчaи на Koвид-19 се регистрирани во Tиквешко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два нови случаи на коронавирус се регистрирани во Тиквешијата. Се работи за здравствена работничка од Кавадарци на возраст од 25 години, и маж на возраст од 28 години од Демир Капија.

Според информации од Центар за јавно здравје Кавадарци, новорегистрираната здравствена работничка навела во анкетата дека била во контакт со жена од Неготино на возраст од 71 година, која пред четири дена беше дијагонстицирана како позитивна на вирусот и моментално се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје. Мажот од Демир Капија пак, навел дека не знае од кого и како се инфицирал.

Вчера во Општина Кавадарци беше регистриран нов случај на корона вирусот кај лице на возраст од 83 години, жител на село Дреново, кој не излегувал многу и навел дека единствено одел на лекарски контроли поради други дијагнози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This