НОВОТО ИМЕ НАЈДОЦНА ДО 20. МАРТ: Владите веќе постигнале таен договор, тврдат грчките медиуми – гледаме театар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на грчката дипломатија, на средбата со медијаторот Метју Нимиц, го предложил името „Република ГорнаМакедонија“ без англиска транскрипција, како прифатливо решение за спорот со името, објавија грчки медиуми – пренесува МКД.мк

Ефимерида“ пишува дека од четирите предложени имиња од медијаторот Метју Нимиц Грција предлага кованица во која зборот Македонија би бил споен со придавката „горна“.

Од петте предлози на Нимиц за ново име, според медиумот, Грција најмногу била за Република Вардарска Македонија, а македонската страна за Република Нова Македонија, па како компромис излегло името Горна Македонија. Но, и на ова име, Грција го предложила името Република ГорнаМакедонија (споено и така да се изговара, за да се избегне посебниот изговор на Македонија), пишуваат грчките медиуми.

Според информациите на „Ефимерида“, грчко-македонскиот договор веќе е постигнат и двете земји се согласиле за сè, вклучувајќи ги и промената на Уставот и откажувањето од иредентистичките елементи во Уставот. Договорот, исто така, детално ќе ги опише економските и развојните односи на двете земји. Извори запознаени со случајот објаснуваат дека „ПЈРМ ќе стане еден вид кантон на Грција, со специфични развојни услови, економски и трговски“, пишува весникот.

До 20 март договорот за ова треба да биде предаден во ООН, тврдат изворите на весникот.

Ова денеска, според весникот, би требало посредникот на ОН Метју Нимиц да им го соопшти на претставниците на македонскиот државен врв.

Нимиц денеска ќе се сретне со претседателот, Ѓорѓе Иванов, премиерот, Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This