April 27, 2024, 10:10 pm

НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА TEPOPИСТИЧКИ НАПАД ВО МАКЕДОНИЈА: По амбасадата на САД и бугарското МНР со предупредување за можни тepopистички напади на ИCИC во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И Министерството за надворешни на Бугарија издаде предупредување од можни теpopиcтички напади во Македонија.. Во известувањето објавено на својата интернет страницата, бугарското МНР се повикува на информациите од македонската полиција за спречен теpopиcтички напад.. Пренесува и дел од предупредувањето на Амбасадата на САД според кое постои зголемен ризик од теpopиcтички акт организиран од радикалните структури на Исламска држава..

„По тој повод, Министерството за надворешни работи на Бугарија, им препорачува на своите граѓани при посета на Република Северна Македонија во следните денови, да се информираат за зголемениот ризик од теpopиcтички напади“, се вели во известувањето на бугарското МНР..

Иако се зголемува бројот на држави кои предупредуваат на можен теpopиcтички напад во земјава, од Министерството за внатрешни ниту денеска не откриваат детали од акцијата со која како што велат спречиле напад на ИСИС. Според МВР, со размена на информации со партнерска земја спречила теpopиcтички напад кој го подготвувале борци на радикалниот ислам.. Во акцијата биле направени претреси при што одзеле уреди и предмети поврзани со можниот напад.. Од Јавното обвинителство велат дека по наредба на надлежен јавен обвинител, пронајдените материјали веќе се предадени за вештачење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This