НОВ „БОМБОНА БИЗНИС“: Фирмата на Кочо Анѓушев универзален снабдувач со електрична енергија на 700.000 домаќинства?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавниот повик за избор на универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата заврши на 3 декември, а името на избраната компанија се очекува да биде познато во наредните неколку денови.
Во трка се над двесетина фирми, меѓу кои и фирмата ЕДС која до неодамна беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, а сега сопственост на грчкото државно електростопанство.

Економски Лидер дознава дека функционери на власта се обидуваат да го наместат токму ЕДС за универзален снабдувач, кој ќе снабдува над 700.000 домаќинства со струја, а со тоа овој милионски бизнис оди во рацете на Грците.

Снабдувачот ќе биде своевидно привилегиран во однос на другите фирми на пазарот бидејќи ЕЛЕМ ќе има обврска дел од своето производство да му го дава на снабдувачот во период од 5 години.

Анѓушев ја продаде оваа своја компанија во екот на преговорите за името со Грција, за сума од близу 5 милиони евра, сума која ја изненади и македонската, но и грчката јавност, посебно затоа што грчката компанија не е во најликвидна состојба. Па оттука легитимно се поставува прашањето, дали зад зделката стоело и ветување дека доколку грците ја купат ЕДС истата ќе биде фирмата која ќе биде универзален снабдувач со струја за над 700.000 домаќинства во државата и со тоа ќе го земе овој бизнис тежок стотици милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This