НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН: Се отвара нов граничен премин меѓу Македонија и Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на денешната седница го разгледа предлог-законот за ратификација на Спогодбата со Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Македонија, со Промахoи во Грција.

Од владината прес-служба потсетуваат дека спогодбата е склучена на 2 април годинава во Скопје, врз основа на Преспанскиот договор.

-Во спогодбата се предвидува двете држави, на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин, стои во владиното соопштение.

Во иста насока е и усвоениот предлог-закон за ратификација на Спогодбата за отворање на еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро и патиштата коишто ги поврзуваат Маркова Нога и Лемос.

Како што велат од Владата, овој граничен премин ќе овозможи поголемо поврзување и полесна комуникација на населението од пограничниот регион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This