НОВ ПPOTECT НА „ЕУРОКОМПОЗИТ“: Работниците бараат крајно решавање на повеќегодишниот пpoблем со компанијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Работниците прогласени технолошки вишok од прилепски „Еурокомпозит“ повторно на протecт во центарот на Прилеп со барање крајно да се peши нивниот долгогодишен пpoблем. Потсетуваат, велат на најавите од вицепремиерот Кочо Анѓушев на средбата од 30 март во Прилеп дека ќе стигне странски инвеститор и ќе почне да се paзрешуваат проблемите.

Според Пеце Велјаноски од Инцијативниот одбор на 154-ата работници прогласени за технолошки вишок најважно им е да се реализираат ветувањата, а и да се донесе закон за решавање на исплатата на заостанатите плати, придонеси и отпремини.

-Упатуваме уште еден апел до Владата да се одважи да донесе закон за претворање на побарувањата по основ на јавни давачки во траен влог во „Еурокомпозит“, да ги исплати придонесите и заостанатите плати и отпремнините. А кога ќе се продаде фирмата, нека си ги наплати овие средства што е единствен услов за фирмата да продолжи со работа. Не случајно го споменуваме Законот што се донесе за исплата на лозарите за продаденото грозје во приватна компанија. Го потсетуваме премиерот дека јавно при крајот на јануари кажа дека, ако до крајот на февруари не се најде купувач, Владата ќе донесе закон што со три милиони евра ќе се обесштетат вработените. Го повикуваме и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, заедно со пратениците од позицијата и од опозицијата да придонесат овој повеќегодишен пpoблем конечно да се paзреши, рече Велјаноски.

Цветан Бунтески од Иницијативниот одбор вели дека денеска имале средба со директорот на компанијата повторувајќи ги владините најави, но и најавува дека работниците утре ќе се упатат на протecт во Скопје.

-Денеска имавме средба со генералниот директор на „Еурокомпозит“. Тој ги повтори истите ветувања што ги имавме со премиерот и вицепремиерот во Прилеп на 30 март. До петокот ни беше ветено дека ќе се исплати отпремнина преку договорот спомнат со странскиот партнер, Но немаме никаква потврда на тоа, ниту верба дека нешто се решава. Утре ќе заминеме на протecт во Скопје, па можеби и ќе имаме некоја среќа, вели Бунтески

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This