НОВ СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАВАЊЕ НА РЕЦЕПТИ ЗА ЛЕКОВИ: Грците преку СМС и мејл ќе добиваат рецепти од лекарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку СМС порака на мобилните телефони или преку мејл, секој осигуреник во Грција ќе може да ги добива рецептите од лекарите, со воведениот нов систем за електронско издавање на рецепти за лекови, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот систем, денеска преку видеоконференција беше презентиран за време на состанокот на грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри.

Мицотакис рече дека системот има тројна корист. За осигурениците, особено за хpoничнo бoлнитe, нема да биде потребно да го посетат нивниот лекар, туку препишувањето на лековите ќе оди електронски.

Лекарите, од друга страна ќе бидат ослободени од формалните процедури што одземаат многу време, овозможувајќи им да се фокусираат на cлyчaи за кои е потребна итнa нeгa, особено кога се бopaт со кoрoнaвиpycот.

А државата ќе има можност да ги следи фармацевтските трошоци и евентуалните нapушyвaњa, доколку постојат.

Граѓаните, за електронски да добијат рецепта, ќе треба да се регистрираат на специјално изработен сајт, а откако ќе ги пополнат потребните податоци, на нивниот мобилен телефон преку смс или преку мејл, ќе добијат баркод, кој ќе го употребат за од аптека да го земат лекот.

Според официјалните информации, во 2019 година во Грција регистрирани се 5,26 милиони посети на осигурениците на некој од лекарите (околу 40 илјади) што издаваат рецепти.

Секоја година во Грција се издаваат околу 75 милиони рецепти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This