April 30, 2024, 11:10 am

НОВ СК АНДАЛ ОТКРИВА ЈОВЕСКИ: Масовно биле прислушувани обвинителите од 30 септември 2016 година, а последниот снимен разговор е сега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две години обвинителите сместени во објектот покрај кејот на Вардар, биле прислушувани, односно разговорите кои ги вршеле на фиксните телефони биле снимени на два хард диска.Се слушале разговорите на обвинителите кои работат во овие обвинителства, на број околу 70.

Оваа информација на денеш ниот брифинг со новинарите ја сподели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој истакна дека отвориле пред истражна постапка.

-Првиот разговор е од 30 септември 2016 година, а последниот снимен разговор е сега, рече Јовески.

Обвинителот појасни дека ќе се истражува дали снимените разговори биле изнесувани надвор од обвинителството, односно дали информациите кои произлегувале од разговорите на обвинителите биле користени за некакви цели.

Централата за фиксна телефонија била инсталирана во 2013 година кога беше и вселена зградата, па затоа ќе се истражува дали опремата била набавена со опција за снимање, или тоа дополнително било инсталирано.

Обвинителите ги користат фиксните телефони за споделување на службени информации, помеѓу вработени внатре, но и со други институции. Односно, преку телефоН повикуваат и сведоци на распит, па доколку некој ја пресретнувал оваа информација, постојат сомнежи и дека можеби се влијаело на сведоци.

Исто така дополнително ќе се проверува дали била прислушувана и фиксната комуникација на обвинителите од Организи ран кр иминал, кои се сместени во друга зграда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This