НОВ CKAHДАЛ: Владата на СДСМ продолжува да ги распродава изворите на чиста вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Левица безрезервно ги поддржува жителите на селото Гари и најостро ја осудува одлуката на Министерството за Економија за доделување на концесија за експлоатација на питка вода во селото Гари.

Во време кога светот се соочува со недостаток на пивка вода, Владата на СДСМ ги продолжува практиките на ДПМНЕ и продолжува да ги распродава изворите на чиста вода и останатите природни богатства. Сето тоа на штета на жителите и иднината на земјата, но во корист на крупните профитери кои заедно со политичките платеници работат ја разграбуваат Македонија, велат од Левица

Бараме итно раскинување на договорот за концесија и враќање на изворите во владение на месното население. Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да го раскинат и договорот за експлоатација на вода од страна на “Мали Лошињ”, компанија која доби концесија за експлоатација на изворите за вода во близина на селото Гари. Левица се залага за национализација на водните ресурси како круцијални и стратешки ресурси и ставање на крај на досегашните практики за издавање на концесии за експлоатација на вода и други природни богатства, соопштуваат од левица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This