April 27, 2024, 11:53 pm

Нож во грб од ЕУ: Нов пopaз и нова блokaда за Македонија, како резултат на погpeшната политика на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов дипломатски неуспех на владата предводена од премиерот Зоран Заев. После бугарското вето за почеток на преговори со ЕУ во ноември, на повидок е уште една блокада од Бугарија.

Вчера беше објавено дека на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија покрај предлог-преговарачката рамка ги блокирала и заклучоците за Македонија.

МИА објави дека Бугарија притоа инсистирала да биде внесен пасус кој го користела Грција во јули 2018 година кој гласи „ова треба да им стави крај на сите барања базирани на погрешна интерпретација на историјата“. Тоа значи, се додека Македонија не попушти за историјата да биде дефинирана според бугарските барања, нема да добиеме датум за почеток на преговори.

Покрај тоа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски повикувајќи се на извори од Брисел, соопшти дека за разлика од ноември кога Бугарија беше осамена, сега добила поддршка од уште две земји членки. Но, не е само тоа. Сега и земји како Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на преговарачка рамка за Албанија поеднични, или со други зборови тие се против раздвојување на Албанија од Македонија.

Да биде ситуацијата уште полоша за Македонија, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, вчера изјави дека не само што е тешко Македонија да добие датум за почеток на преговори оваа година, туку и побара да попушти пред Бугарија.

– Македонија мора да вложи дополнителни напори за да излезе во пресрет на загриженоста на Бугарија со цел да се најде решение што е прифатливо за двете земји, потенцира Вархеји.

Очигледно Бугарија добро работела на дипломатски план изминативе две недели и успеала работите да ги заврти во своја полза, односно да ја убеди ЕУ дека Македонија е таа која треба да попушти. Понатаму Бугарија ги искористи скандалозните изјави на власта, особено на премиерот Заев за историјата и јазикот, и сега нема ЕУ за Македонија без ставање на хартија дека како народ имаме бугарски корени.

Сето ова се должи на катастрофална дипломатска политика на Заев, или подобро кажано немањето на дипломатија. Наместо да ја искористи ситуацијата кога многумина застанаа против Бугарија и со силна дипломатска кампања да се обиде земјите членки да извршат притисок, Заев се што направи е коленичење кај нашиот источен сосед и најава за отстапки за менување на македонската историја, идентитет и јазик.

Додека Заев моли во Бугарија, тие како што гледаме се ја ангажирале дипломатијата во ЕУ. Наместо да бара закрилник кај големите европски држаави, Заев закрилник гледа во Бугарија, односно државата која му поставува необјасниви услови кои се косат со здравата логика и науката. Бугарија таквото однесување секако дека умешно тоа го користи. Секој може да види дека власта на Заев настапува без стратегија и без црвени линии, па така и Бугарија знае дека сега е моментот кога може да ги исполни своите барања кон Македонија.

По се изгледа дека следи нов пораз и нова блокада за Македонија, кој е на сметка на Заев и неговата погрешна политика, но за жал жртвите се македонските граѓани и македонските корени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This