- Advertisement -
Маја Старова, свекрва на Нола Исмајлоска Старова, е поставена за в.д. директор на основното училиште „Јан Амос Коменски” во Карпош, дознава „Лидер“ од извори во Министерството за Образование.
Старова е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, една од осумте кои гласаа за уставните измени. Ова е втора награда за роднина на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени, по што беа протерани од нивната партија. Претходно, ќерката на пратеничката ЕмиЛија Александрова беше вработена во Фондот за иновации.