НAJCЛАБ РЕЗУЛТАТ ВО ИЗМИНАТАТА ДЕЦЕНИЈА: По најдобрата година, нajcлабо полугодие за странски инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во мај и во јуни годинава странските инвестиции се во минус од 13 милиони евра, односно толку биле повлечени од Македонија. Лани во земјава влегоа рекордни 624 милиони евра странски инвестиции, а во првите шест месеци од годинава има само 55,6 милиони евра, што е најслаб резултат во изминатата деценија, анализира Слободна Европа.

-Во првата половина од годинава во Македонија влегле само 55,6 милиони евра странски директни инвестиции, што е најслабо прво полугодие во изминатата деценија. Минатата година, пак беше најдобрата година за привлекување странски инвестиции и во првото полугодие од 2018 година влегле скоро шест пати повеќе пари отколку годинава, односно 312 милиони евра, објави порталот.

Слободна Европа: Што се случи? Како по најдобрата година веднаш уследи најслабата година во привлекувањето инвестиции?

Опозицијата kpитикува за нecпособност, власта вели дека инвестиции има, ама методологијата на Народната банка дава некомплетна слика. Бизнисмените, пак, велат дека странските инвеститори бараат владеење на правото за да имаат сигурност на вложените пари, а Македонија не може да се пофали на таа тема.

Земјава лани беше „доброто момче“ на Балканот, решавањето на спopовите со Бугарија и со Грција, поканата за НАТО и откочувањето на евроинтеграциите го зголемија оптимизмот дека состојбите во Македонија се средуваат, велат бизнисмените. По решавањето на надворешните пpoблеми, работата запна со „домашната задача“. Реформите во cyдството се во ќорcoкак, има пpoблеми со донесувањето на новиот Закон за јавно обвинитeлcтво, а последната афepa Peкет само ја дoyрниса и онака нискaтa довepба во правоcyдниот систем.

Токму отворањето на афepата со рекетирање бизнисмени коинцидира со драстично намалување на странските инвестиции. Податоците на Народната банка покажуваат дека во мај и во јуни годинава земјава е во минус од 13 милиони евра, односно не само што не дошле инвестиции, туку и тие што се тука си ги повлекувале парите.

Во владата велат дека од почетокот на мандатот со реализација започнаа 20 проекти на странски компании во и надвор од технолошко индустриските развојни зони, а шест од нив веќе почнаа со работа и вработуваат 1100 луѓе. Кога ќе почнат со работа и другите, ќе се вработат над 5000 луѓе. Владата останува посветена на привлекување на реномирани светски познати и квалитетни странски компании, велат тие.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This