Нeкoлкy чaca пpeд мини кapaнтинoт: 3aбaвa вo нoќeн клyб во Солун

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без маски, без дистанца, млади Солунчани доцна синоќа се забавуваа во ноќен клуб или како што напишаа самите, споделувајќи видеа на социјалните мрежи, „последно излегување пред карантинот“, јави дописничката на МИА од Атина.

И покрај тоа што во Грција веќе извесно време постои забрана за стоење во кафулињата и клубовите кои затвораат на полноќ, од објавените видеа, се гледа дека оваа мерка воопшто не се почитува, а младите се забавуваат како да не постои коронавирусот, што е особено раширен токму во Солун.

Поради зголемениот број заразени со коронавирусот, Солун од утрово е во мини карантин.

Во текот на вчерашниот ден, мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, преку брзите тестови, спроведoa 3.402 бесплатни тестирања во центарот на Солун.

Позитивни се 252 од резултатите, односно 7,4 отсто од направените тестови, а просечната возраст е 32 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This