Нe е вaжнo дaли Зaeв е нa тeрeн, на плaжa или вo Скoпje, кoмуникaциjaтa сe oдвивa нeпрeчeнo, вeли Стojaнчe Ангeлoв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов вели дека за него не е важно дали премиерот е во Скопје или е на некое друго место, бидејќи комуникацијата со Заев се одвивала непречено , а сите барања кои Ангелов му ги поставил биле реализирани во најкраток можен рок.

– Координацијата помеѓу сите елементи на системот за управување со кризи е на највисоко ниво, овие денови со нас на терен е и премиерот, но и пред премиерот да дојде овде со него имавме постојана комуникација,вели Ангелов.

Стојанче Ангелов додава и дека тој лично комуницирал со премиерот додека тој бил на одмор, и дека сите барања биле експресно исполнети.

– Јас лично во повеќе наврати во текот на денот и секогаш кога ќе беше потребно директно комуницирав со него и за мене не прави разлика дали премиерот е овде или премиерот е во Скопје или премиерот е на некое друго место, затоа што секое барање од главниот штаб кое што сум го упатил до премиерот е решено веднаш, односно најбрзо што може, рече Стојанче Ангелов на денешната прес конференција на противпожарниот пункт во селото Будинарци, беровско.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This