Обама ќе го замени Бајден на предизборен митинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот демократски претседател Барак Обама во средата првпат ќе се појави на предизборен митинг во кампањата на претседателскиот кандидат и негов поранешен потпретседател во двата мандата Џо Бајден кој е во тесна трка во актуелниот републикански претедател Доналд Трамп во клучните сојузни држави, на тринаесет дена пред изборите.

Обама, на настанот на отворено во Филаделфија, ќе ги повика гласачите да го искористат правото на порано гласање за Бајден и за другите демократските кандидати во трката за Конгресот а кои се во заостанување зад републиканските ривали. Самиот Бајден нема да се појави на овој собир.

Американците годинава ги уриваат рекордите во предвременото гласање. Пред изборите на 3-ти ноември веќе гласале 40 милиони избирачи, загрижени поради коронавирусот, но и поради тоа нивните гласачки ливчиња што поскоро да стасаат, затоа што процедурата за гласање по пошта е сложена па во некои сојузни држави се очекува дека ќе бидат познати и три седмици по гласањето. Споменатата бројка претставува околу 29 отсто од прогнозираниот конечен одѕив на гласачите.

Трамп, пак, во средата ќе има собир во Северна Каролина, уште една сојузна држава клучна за конечниот исход на изборите, во која анкетите исто така прогнозираат израмнет резултат иако минатите седмици му даваа предност на Бајден.

Реткото појавување на Обама, кој уште важи за најголемата ѕвезда на американските демократи, доаѓа во клучниот момент од кампањата, ден пред второто и последно соочување на кандидатите, овојпат виртуелно и по нови правила во четврток. Појавувањето на Обама, чие влијание кај демократските гласачи сѐ уште е големо и четири години по напуштањето на Белата куќа, исто така, укажува дека веројатно демократите не се убедени во предноста којашто анектите му ја дават на нивниот кандидат.

Шефицата на кампањата на Бајден, Џен О’Мали Дилон, го предупреди деморкатскиот табор дека во 17 сојузни држави борбата ќе биде поизрамнета отколку што се верува и отколку што покажуваат анкетите.

Бајден верува дека мора да победи во Пенсилванија, државата во којашто е роден, а во која демократите загубија со мала разлика од Трамп на изборите во 2016 година. Бајден поради тоа ја посети оваа сојузна држава повеќе од која и да е друга.

Анкетата на Ipsos/Reuters од понеделникот покажа дека Трамп го намалил заостанувањето во Пенсилванија и оти има 45 отсто поддшка наспроти 49 отсто за Бајден. Меѓутоа, тоа е разлика во рамките на маргината на статистичката грешка која ја признава спроведувачот на анкетата.

„Ако победиме во Пенсилванија, ќе ја победиме целата работа“, рече Трамп во вторникот во настапот на северозападот од оваа сојузна држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This