Обвинението против Трамп вечерва пред членовите на Сенатот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставничкиот дом на американскиот конгрес официјално ќе му достави на Сенатот документ со обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп, кој е обвинет за поттикнување на бунт на неговите приврзаници кои упаднаа во Капитол на почетокот на јануари.

Девет демократи од Претставничкиот дом, кои ќе служат како обвинители, ќе поминат низ зградата, во која неодамна стотици приврзаници на Трамп се бореа со полицијата, во 19.00 часот (01.00 по средноевропско време), носејќи документ со обвинението до Сенатот, објави Гласот на Америка.

Сличен, формален трансфер на обвинението од долниот во горниот дом на Конгресот се случи минатиот јануари, за време на првото судење за отповикување на Трамп.

Судскиот процес за Сенатот треба да започне на 8 февруари, откако демократите и републиканците се согласија да го одложат процесот за кратко време за да им се даде време на членовите на Претставничкиот дом кои ќе играат улога на обвинители и на тимот за одбрана на Трамп да се подготват.

Дополнителното време исто така ќе му овозможи на Сенатот да потврди некои од кандидатите на претседателот eо Бајден за позициите во неговиот кабинет, пренесува Танјуг.

Потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот за да се осуди Трамп, и бидејќи телото е политички целосно поделено, со 50 републиканци и 50 демократи, 17 републиканци треба да се свртат против Трамп за пресуда за „виновна“, под услов сите демократи, како блок, гласаат против поранешниот претседател, според „Гласот на Америка“.

Доколку биде осуден, ќе се одржи одделно гласање на кое е потребно просто мнозинство за да му се забрани на Трамп некогаш повторно да се кандидира за позиција на федерално ниво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This