Обвинителството да покрене истрага за вмешаност на Зоран Заев во „Рекет“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И после неколку дена од завршните зборови на првообвинетиот во случајот „Рекет“, а во врска со потребата од вештачење на неговиот мобилен телефон кој јасно посочи на комуникација со Зоран Заев, се уште имаме молк од Јавното Обвинителство, ова на прес-конференција го кажа Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Основно право и должност на Јавниот Обвинител е да ги гони сторителите на кривичните дела. Како орган, јавното обвинителство е должно да обезбеди еднаквост на граѓаните пред законот во вршењето на својата функција и на тој начин да го зачувува и штити јавниот интерес. Дали во конкретниов случај, и покрај јавно искажаните наводи од првообвинетиот кои се сметаат за допрениот глас, Обвинителството не сака да покрене истрага за можна вмешаност на Зоран Заев во оваа најкриминална афера, посебно што се работи за човек кој бил премиер по функција и згора на се, и повторно претендира за истата функција, или не?

Николовска прашува дали Обвинителството и институциите имаат двојни аршини и стандарди во борбата со криминалот?

Дали Обвинителството и институциите имаат двојни аршини и стандарди во борбата со криминалот, дали Обвинителството едни граѓани ги штити и ги смета за подеднакви меѓу еднаквите? Законите во Република Македонија важат подеднакво за сите без оглед на политички статус и без разликување по ниту една основа?

Ние не правиме компромис со криминалот, и македонскиот народ не сака компромис со криминалот. За жал, со Зоран Заев и СДСМ добивме криминал, сиромаштија и срам.

Апелираме и го охрабруваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да постапи согласно своите надлежности и должности за разоткривање на криминалот и корупцијата. Уште еднаш го повикуваме ЈО да излезе од пупката на Заев и да спроведе сериозно истрага по наводите искажани во судница за најкриминалната афера во Република Македонија, каква не се памети.

Одговорност мора да има, истакнува Николовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This