Обвинитeлcтвoтo бара постpoга kaзна од Апелациja за cooбраќajката кај Млечен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопското обивнителство денеска вложи жалба на условната пресуда за сообракајката кај Млечен и му предложи на Апелациониот суд да изрече построга кривична санкција за обвинетиот

Од обвинителстовто велат дека се незадоволни од кривичната санкција и сметаат дека судијката ставила акцент на олеснителните наспроти отежителните околности, поради што е блага и неадекватна во конкретниот случај.

Јавниот обвинител смета дека признанието на вина во услови кога обвинетиот несомнено е свесен за доказите против него и за извесноста да се соочи со санкции, само по себе не треба да претставува цел на привилегирање на сторителот, особено кога се работи за кривично дело со несомнено тешки последици, стои во соопштението на скопското обвинителство.

Во жалбата јавниот обвинител истакнал и дека возраста на обвинетиот од 63 години не треба да ја намалува тежината на околностите, бидејќи станува збор за возач со долгогодишно искуство од кого се очекува да ги знае сообраќајните правила и прописи.

Како олеснителна околност од Судот е ценет и фактот дека обвинетиот и самиот претрпел трауми за време на сообраќајната несреќа, но во жалбата јавниот обвинител истакнува дека во пресудата овие трауми не се сразмерно одразени наспроти физичката болка и трауми кои ги доживеала оштетената, која се соочила со загуба на сопругот и на плодот, а и самата се здобила со тешки телесни повреди. Изразеното сочувство и каење на обвинетиот по несреќата, изразени на главната расправа и преку писма до оштетената, за Судот претставуваат исто така олеснителна околност, но според јавниот обвинител, тие претставуваат нужен морален чин и граѓанска одговорност, сметаат од обивнителството

Од обвинителството оценуваат и дека отежителните околности во пресудата се наведени без соодветна елаборација на правните аргументи, што довело до благ казнено-правен третман и објективно неосновано изречена кривична санкција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This