ОБВИНУBAЊА ВО ГРЦИЈА, НОВА ДЕМОКРАТИЈА ГИ TOЛЕРИРА ОНИЕ КОИ ГОВОРАТ ЗА ПОНИШТУBAЊЕ НА ПРЕСПА: Картугалос го обвини грчкиот премиер Мицотакис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник од СИРИЗА и надлежен за надворешна политика Јоргос Катругалос ги поздравува изјавите за време на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас „за важноста на целосното и доследно почитување на Договорот од Преспа“ како и изјавата на пратеничката од Нова демократија, Дора Бакојани „која го повика Дендиас да преземе иницијативи за поддршка на договорот“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Господинот Мицотакис, кој инвестираше во етно-популизмот и лицемерието, спротивставувајќи се на Договорот од Преспа, денес ги толерира оние кои говорат за поништување на Договорот, вели Катругалос и додава дека грчкиот премиер треба да ги објасни позициите на владата.

На вчерашната Комисија за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент, како што веќе објави МИА, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека потребно е целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа и истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, но очекува од двете соседни земји „да направат опипливи чекори напред во важните прашања“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This