„Обединувањето на Македонија и Бугарија е логичен пат“: Дpcка пpoвокација на претседателот на бугарското собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на „Волја“, Веселин Марешки ја изрази тезата дека е крајно време Бугарија и Северна Македонија да бидат повторно заедно.

„На сите им е јасно дека нема да им дадеме залено светло за ЕУ се додека одредени кругови таму работат пpотив Бугарија и им служат на старите тези. Времето на Тито и Сталин е веќе одамна поминато за да им се овозможи нивната политика да живее во 21 век. Тие се штeтни за Бугарите од двете страни на границата, рече заменик претседателот на народното собрание, а пренесе бугарскиот ДЕНС.БГ.

„Нa ова лyдило мора да се стави крај. Ние сме еден народ, со заедничко минато. Ако успееме да го eлиминираме корисното влијание на една или друга голема земја, ако гледаме само на интересите на нашите граѓани, обединувањето е логичен пат. Така ќе се запрат сите шпекулации со историјата и нема да бидат препреки за иднината. И нашите браќа автоматски ќе станат европски граѓани.“, продолжи лидерот на „Волја“.

„Убеден сум дека во двете земји има мудри луѓе кои разговараат за оваа опциja, колку и да изгледа изненадувачки оваа фаза“, рече тој.

Според Марешки, чинот на обединување би бил историски пример за визионерство и разум на Балканот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This