ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ЗАЕВ ШИРИ ГОВОР НА ОМРАЗА: Бара смрт за претходните министри за внатрешни, плука по народот кој вчера излезе на протест!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обезбедувањето на Заев врши систематски говор на омраза врз се што не припаѓа на политичката партија СДСМ

Ана Прчковска, вработена во Одделот за обезбедување на МВР, а ангажирана како дел од личното обезбедување на Заев, секојдневно, преку социјалните мрежи шири говор на омраза. Таа преку својот профил повикува на смрт на поранешни министри за внатрешни работи како и најдолни навреди за активностите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Како кадар на Павле Трајанов и неговиот Демократски Сојуз, влегува на работа во одделението за заштита на сведоци од каде и снемуваат задолжени парични средства за потреби на заштитен сведок на МВР.
Благодарејќи на приклонувањето на партиско-политичката групација на СДСМ во МВР, предводена од Јовче Ременски, истата успева да се извлече од реперкусиите по злоупотребата на службени средства и станува обезбедување на Заев.

Со цел да ги оправда своите концесии станува жесток говорник на омраза против ВМРО што впрочем може и да се види од приложените извадоци од нејзините коментари на Фејсбук. Директорот на БЈБ Лазе Велковски со телеграма ги повика своите вработени да внимаваат што пишуваат на социјалните мрежи со цел да не се наруши угледот и довербата на Полицијата.
Очигледно дека за Ана Прчковска оваа телеграма не важи, но затоа пак ваквите ставови од страна на полициски службеник најверојатно ќе бидат приложени како доказ за грубото прекршување на човековите права пред европските организации за правата на човекот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This