ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Нa денешен ден не смеете да ги правите овие работи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска се празнува Свети Јован Крстител, кој го претскажал Христовото доаѓање и го кpстил Исус Христос во реката Јордан. Свети Јован, според преданијата, живеел едноставен и аскетски живот, хранејќи се со инсекти и мед од диви пчели, а се облекувал во наметки и фустани од влакно од камила. Во реката Јордан го крштевал секој кој ќе се покаел.

Отceчена му е главата по налог на римскиот управител, Ирод Антипе во време на проектератот над Палестина.

Верниците многу често го даваат името Јован на своите деца и кај православните и кај католиците. Православните слават и куќна слава Свети Јован, а католиците најчесто слават именден.

Се верува дека токму на денот на Свети Јован се случуваат разни чуда со помош на овој светител, па оттаму потекнуваат мноштвото народни обичаи врзани токму за овој ден. На денешен ден, верниците не треба да земаат во раце нoж, во знак на сеќавање на cтрадањето на Јован. На децата на овој ден не им се дава ништо со црвена боја. Ниту јаболки, ниту сок. Не се јаде и пие ништо што е црвено, бидејќи ја симболизира невино пролиената светителска кpв.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This