ОВА Е ДОКУМЕНТОТ ИСПРАТЕН ДО ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА: Што му напишал Заев на Вартоломеј?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку дена се штекулира што точно побарал премиерот Зоран Заев од вселенскиот патријарх Вартоломеј во замолницата испратена до Вселенската партирјаршија во Костанинопол.

На прашањето се обиде да одговори и владниот портпарол на денешната прес-конференција, Миле Бошњаковски.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас, пак, во одговор до лидерот на опозицијата Мицотакис вели дека Македонската православна црква (МПЦ-ОА) испратила писмо до Вселенската патријаршија во кое се откажува од придавката „македонска“.

Никој ниту побарал ниту некој може да го смени името на Македонската православна црква. Не е тема на дилема или на дебата името на МПЦ, потенцира премиерот Зоран Заев денеска на седницата за поставување пратенички прашања.

Тој појасни дека со писмото до Вселенската патријаршија побарал помош, како што кажа, околу конечно решавање на црковниот спор што постои од возобновување на Охридската архиепископија.

Премиерот Заев рече дека неговиот Кабинет денеска ќе ја објави содржината на писмото што од негова страна било испратено до Вселенската патријаршија, како и одговорот од таму.

– Замолницата е да помогне во долгогодишниот проблем и неговото решавање. Секако тоа е во координација со Македонската православна црква. Барањето е патријаршијата преку Светиот синод да донесе одлука и конечно да помогне со признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Секако, веруваме дека Патријаршијата сето тоа ќе го направи со другите помесни цркви, како што е редот, и апсолутно кога се обраќаат црквите кон Патријаршијата се обраќаат и со политички аспект и затоа дополнително на тоа писмо што Светиот синод на МПЦ – ОА го направи, јас испратив писмо за поддршка. Светиот синод да го разгледа ова прашање и да и помогне во неговото решавање, рече премиерот.

За да нема дилеми во јавноста, рече тој, секојпат признавањето се случува согласно положбата, патријаршијата или слично.

– Кога се признавале црквите се признавале како Пеќка патријаршија, Охридска архиепископија и слично. Никој ниту побарал ниту некој може да го смени името на Македонската православна црква. Не е тема на дилема или на дебата името на МПЦ, потенцира премиерот Заев пред Собранието.

 

„Република“ го објавува писмото што му го испратил Заев на Вартоломеј.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This