ОВА Е CУPOBATA ВИСТИНА: Македонија нема да и се придружи на ЕУ во следните 10 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Не е целосно јасно што ги мотивирало Франција и Макрон да ја одбијат Македонија и Албанија во проширувањето на Европската унија на последниот самит- истакнува Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац.

„Мислам дека тоа е елитен скептицизам во Франција во врска со проширувањето, губење на моќта во ЕУ и фрустрација поради тоа што францускиот кандидат за Европската комисија не е потврден на расправите во Европскиот парламент“, посочил Бибер во интервју за емисијата 360 степени.

Тој оценил дека во моментов има чувство на фрустрација околу ЕУ и затоа смета дека Макрон се свртел против двете земји – Северна Македонија и Албанија.

„Ние ја гледаме критиката на Макрон за политиките на владите на Северна Македонија и Албанија, но многу повеќе кон ЕУ и нејзините партнери во Унијата“, наведува Бибер.

На прашањето како ја разбира пораката на Макрон дека не сите земји-кандидатки треба да завршат како полноправни членки на ЕУ, туку дека треба да размислат за некое „привилегирано партнерство“, Бибер вели дека смета оти Макрон нема поддршка за таква идеја.

“Мислам дека тој е осамен во тоа. Мислам дека ова гледиште не е засновано на долгорочна визија, па се сомневам дека Франција ќе успее да ја поттикне таа идеја за замена на проширувањето со привилегирани партнерства. Мислам дека е попродуктивно да се каже дека проширувањето ќе трае подолго, подолго одколку што сите се надеваа. Па дури и да поминало се добро Македонија нема да и се придружи на ЕУ во наредните 10 години-рекол Бибер.

Сега, додаде тој, тој период ќе биде уште подолг.

„Знам дека тоа е фрустрирачки. Во меѓувреме, привилегирани партнерства можат да се случат при пристапување до структурни фондови, интеграција во економската политика на ЕУ и животната средина и други начини да се намали јазот. Но, идејата на Макрон за привилегирано партнерство, како што е ЕУ, на пример, ја има со Украина, звучи смешно откако им ветуваше членство на земјите од Западен Балкан во текот на 20 години. Мислам дека другите во ЕУ нема да го прифатат тоа“, рече Бибер.

На прашањето што мисли за ставот на германската канцеларка Ангела Меркел и дали била доволно силна за да донесе позитивна одлука во Брисел минатата недела, Бибер вели дека е тешко да се каже што се случува зад затворени врати.

Тој смета дека Германија и Ангела Меркел силно го туркале почетокот на преговорите, можеби, како што вели, не толку силно како порано, но не и без подготвеност да преминат одредени линии кога станува збор за притисок.

„Она што го видовме е дека не само Германија, но огромното мнозинство на земји-членки го поддржаа проширувањето, особено започнувањето на преговорите со ЕУ“, рече Бибер, додавајќи дека многу земји-членки и се спротивставија на Франција, како што посочил дека е охрабрувачки сигнал дека има многу земји кои се залагаат за проширувањето на ЕУ.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This