Ова нема да ви се допадне: Во авионите на „Wizz Air” и рачниот багаж ќе се плаќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Wizz Air” по примерот на својот главен конкурент Ryanair најави дека рачниот багаж во авионите, кој сакате да го качите со вас, ќе се плаќа. Според компанијата новото решение ќе го направи качувањето на патниците во авионот побрзо.

Според новата политика на авиопревозникот, која ќе стапи на сила од 1 ноември, бесплатно ќе може да се качува во авионот исклучиво багаж со димензии до 40х30х20 см што е приближно колку чанта или торба за лаптоп.
За секој поголем рачен багаж патниците ќе треба да си купат налепница “Wizz Priority”, чија цена започнува од 5 евра.

Предметната налепница ќе овозможува качување на багаж со димензии до 55џ40џ23 см. Со него ќе е можно и приоритетно чекирање и качување во авионот. Во последниве месеци авиопревозникот дозволуваше бесплатно качување рачен багаж, но во багажниот простор. Од 1 ноември оваа опција е отфрлена. Качувањето на чекиран багаж со тежина до 10 кг пак ќе е можно со налепница, чија цена почнува од 7 евра.

нова авионска линија, wizz air

WizzAir го објави и летниот распоред од Скопје за 2019 – картите од само 599 денари

Wizz Air, водечката авиокомпанија во Македонија и една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, објави дека нејзиниот летен распоред за 2019 година од аеродромот во Скопје е сега достапен на wizzair.com.

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД. Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, додека од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите.

“Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа, или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на Wizz Air за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за нивното следно патување од Скопје”. Изјави Сорина Ратц, шеф на Корпоративни комуникации во Wizz Air.

Авиокомпанијата нуди над 1.2 милиони седишта од Скопје за следната година, истакнувајќи ја својата посветеност за донесување на нови можности за патување во земјата со навистина поволни цени. WIZZ во 2019 година нуди 27 директни дестинации до 13 земји во Европа и пошироко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This