ОВА СЕ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДОВИ ВО КОИ НЕМА РЕГИСТРИРАН СЛУЧАЈ НА КOPOHAВИРУС: Детален преглед на епидемијaта по градови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните го минуваат вториот ден од 85 часовниот велигденски карантин, како една од рестриктивните мерки против ширењето на корона вирусот. Во меѓувреме, бројот на заразени во државата достигна 1.117, од кои излечени се 139 лица. Проценките на здравствените и државните власти се дека бројката на заразени ќе се движи меѓу 2.000 и 2.500.

Според местото на живеење, досега од Ковид-19 се регистрирани случаи во: Скопје – 389, Куманово – 310, Дебар – 51, Штип-32, Прилеп –103, Тетово – 48, Струга – 53, Велес – 43, Битола – 16, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, и по два во Пробиштип, Кичево и Неготино.

Оттука, произлегува дека во некои општини се уште нема ниту еден заразен жител од Ковид 19, меѓу кои се Делчево, Берово, Кратово, Македонска Каменица, Демир Капија, Свети Николе, Дојран, а во оваа група влегуваат и повеќе рурални општини.

Според надлежните, државата влегува во најкритичната фаза од епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но не смее да се дозволи здравствениот систем дополнително да се оптовари и да се даде шанса понатаму, за две недели од сега, заради групирања да се јават нови пациенти.

Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот, а Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This