April 27, 2024, 10:22 am

ОВА СЕ НОВИНИТЕ НА ИЗБОРИТЕ: Избирачки список со фотографии од секој избирач, безбоен спреј….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гласањето започна во 7:00 и ќе трае до 19:00 часот. Изборите се спроведуваат според пропорционален модел во шест изборни единици со 3.480 избирачки места во Македонија и во Седмата изборна единица која ја опфаќа дијаспората каде има 46 избирачки места

sprej-glasanje

Македонија денеска гласа за пратеници во Собранието. Ова се досега деветти парламентарни избори во Македонија, а четврти предвремени од 2008 година. Право на глас според Избирачкиот список имаат 1.784.416 граѓани, од кои 1.531.368 граѓани во Македонија.

Гласањето започна во 7:00 и ќе трае до 19:00 часот. Изборите се спроведуваат според пропорционален модел во шест изборни единици со 3.480 избирачки места во Македонија и во Седмата изборна единица која ја опфаќа дијаспората каде има 46 избирачки места. Гласањето во дијаспората се одвиваше вчера, кога се изјаснуваа и болните и немоќните, затворениците и лицата во притвор и внатрешно раселените лица.

Оваа година избирачкото ливче ги содржи имињата на сите 11 коалиции и партии што имаат 58 листи со 1.092 кандидати. Новина е тоа што годинава спрејот е безбоен и тоа што има фотографија на лицата на избирачкиот список со цел да се спречат секакви злоупотреби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This