Ова се новите министри од Алтернатива

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Алтернатива вечерва преку соопштение информираат дека Централното претседателство на Алтернaтивa, на својата седница, дискутирало за носителите на јавните одговорности во државните институции на Република Македонија.

Од таму додаваат дека Централното претседателство дискутирало за начелата на квалитетното претставување на Алтернатива, избирајќи ги најдобрите и најквалитетни кадри кои ги има партијата.

Во продолжение целосното соопштение:

„Така, после една плодна и аргументирана дебата, како што е пропишано во Статутот на Алтернатива, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ги предложи носителите на јавните функции, а Централното претседателство на Алтернатива унанимно го прифати неговиот предлог.

Иако некои позиции остануваат да се потврдуваат деновиве, тука подолу ќе ги спомнеме некои од имињата кои ќе бидат носители на јавни функции во Собранието, Владата или во други ресори на извршната власт:

Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието на РСМ;
Беким Сали – министер за Здравство;
Адмирим Алити – министер за Информатичко општество и администрација;
Џемаил Чупи – министер без ресор – одговорен за дијаспората;
Лулзим Алиу – заменик министер за Образование и наука;
Абдулшиќир Абедини – заменик министер за Земјоделство;
Даим Лучи – заменик министер за Култура;
Орхан Муртезани – директор на МЕПСО;
Амир Елези – директор на Клиничката болница во Тетово;
Дритан Беџети – директор на ПИОМ;
Мубекир Палоши – директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“,
Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги;
Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции.
На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве.

На крајот претседателот Африм Гаши, честитајќи им на предложените носители најавни функции, побара од нив задачата што им е доверена да ја вршат со достоинство, почит и во согласност со политичките и етичките начела на Алтернатива“, велат од Алтернатива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This