ОВА СЕ НОВИТЕ ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ: Објавени носителите на листи на опозицијата, погледнете кои се кандидатите ова се нивните биографии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ се микс помеѓу докажани политичари без црна дамка и нови лица во политиката докажани професионалци во својата сфера на работа. Реакциите на јавноста се одлични и позитивни откако и официјално беа објавени кандидатите и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ.

Носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден е професорката Гордана Силјановска Давкова, почитуван професор на правниот факултет Јустиниан Први при Универзитетот Свети Кирил и Методи која одлично беше прифатена и како претседателски кандидат.

-Др.Гордана Силјановска – Давкова важи за еден од најреномираните професори по уставно право и политички систем. Зборува повеќе јазици, има предавано на повеќе светски универзитети.Силјановска беше и министер во периодот 1992-1994 година, еден од членовите на Уставната комисија на Собранието на Р.Македонија, експет на Женевската група за заштита на човековите права и слободи, експерт на Обединетите Нации. Таа е редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.

Носител на изборната листа во изборната единица број два на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски млад политичар без ниту една црна дамка во својата кариера, напротив со низа на успеси како министер за транспорт и врски во претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, човек кој важи дека има огромна поддршка од страна на партиската база.

-Владо Мисајловски е поранешен министер за транспорт и врски на Република Македонија, функцијата ја извршува од 13 мај 2015 година до 1 јуни 2017 година. Мисајловски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2011 до 2013 година. Мисајловски ги извршувал и функциите: Државен секретар во Министерството за надворешни работи, Државен секретар во Министерството за транспорт и врски и директор на ЈП Државни патишта.

Во третата изборна единица борбата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе водат двајцата генерални секретари на партиите. Игор Јанушев ќе е носителот на ВМРО-ДПМНЕ во тројка. Јанушев има огромно политичко искуство со оглед на неговите години и ужива голема поддршка од партиската база.

-Игор Јанушев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година. Во периодот од 2000 до 2005 година е Секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Од 2005 станува член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, позиција која ја задржува се до 2009 година. Во 2017 година е избран за член на Комисијата за градежништво, урбанизам и транспорт. Јанушев дипломира на Правниот факултет во Скопје, во 2006 година. Член е на регионалните изборни штабови за ИЕ 4 за изборите во 2008, 2009, 2011, 2014 и 2016 година. Потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2017 година е за Општинските комитети Штип, Пробиштип, Лозово, Карбинци и Илинден. Во период од 2015 до 2017 година ја извршува функцијата директор на ЈСП – Скопје, пред тоа работи во Министерството за Транспорт и врски.

Носител во четворка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе потпретседателот на партијата, Александар Николовски. Николовски од сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ има најголемо искуство во политиката, важи за еден од мостовите на партиајта за меѓународна соработка, а во својата долгогодишна политичка кариера нема ниту еден скандал зад себе.

-Александар Николоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во повеќе мандати. Николоски е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2004 до 2008 година. Во период од 2004 до 2013 е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на оваа функција повторно е избран во 2017 година. Николоски во 2009 година станува член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а во 2014 година е избран за прв потпретседател на Мониторинг комитетот при Советот на Европа. Тој е именуван за меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година.

Носител во петката ќе оперскиот пеач Игор Дурловски. Човек кој зад себе има 10-тици меѓународни признанија од областа на оперската музика и е обожуван од народот, но и почитуван од своите колеги. По потекло тој е од Битола, па токму поради оваа причина тој е носител во петка која што важи за една од најнесигурните изборни единици, односно изборна единица која го дава победникот на изборите.

-Игор Дурловски (роден 1977 во Битола) е македонски оперски пејач. Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена. Биографијата на Игор Дурловски бележи и концернти изведби на грандиозни дела како Бетовеновата Деветта симфонија, Моцартовиот Реквием, Вердиевиот и Моцартовиот Реквием, 14-та Симфонија на Шостакович, Радомировиот Псалтир на Димитрије Бужаровски, ораториумот Клименту од Властимир Николовски, Симфонијата Зима од Ристо Аврамовски и други. Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивали Охридско лето. Тој е познат во оперските куќи меѓу кои: Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Оперската куќа во Мунстер, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот Народен Театар во Загреб, Осиек и Риека, Тиранската Опера, Битолската Опера и други. Соработувал со Wienna Residence Orchestra, Источно-западниот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Софиската филхармонија, Ансамблот за современа музика „Алеа“. Во моментов живее во Германија а до 2004 година се усовршува кај своевремено најпознатиот светски бас Бугаринот Николај Ѓауров.

Дафина Стојановска, досегашна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на листата во изборната единица шест. Таа по потекло е од Гостивар, а по професија е медицински работник, односно стоматолог почитуван од своите сограѓани. Таа важеше за еден од најгласните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во актуелниот пратенички состав, секогаш спремна за арументирана дебата во медиумите, но и од собраниската говорница.

-Дафина Стојаноска е пратеник во Собранието на Република Македонија од 2014 година. Стојаноска е дипломиран стоматолог и работела како матичен стоматолог во родниот град во период од 2001 до 2008 година, од 2008 до 2016 година е вработена во ФЗОМ во Гостивар. Стојаноска е секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во период од 2012 до 2015 година, претседател е на ОИШ во Гостивар за предвремените парламентарни избори во 2016 година. Во 2015 година е избрана за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ функција која ја извршува до 2017 година, повторно е избрана за член на ИК во 2018 година. Таа говори англиски, француски, албански и српски.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This