Ова се трите главни опacности од американската политика кон Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот весник „Нешнел интрест“ го повика раководството на Соединетите држави да ја преиспитаат својата надворешна политика кон Русија и Кина, бидејќи продолжувањето на сегашниот курс може да доведе до негативни последици.

Порталот наведува дека во моментот постојат три главни опасности поврзани со американската и западната политика кон Русија:

  • Можност за опасен и директен конфликт во регионите каде руските и американските сили се среќаваат лице в лице, како што е Сирија или на отворено море;
  • Зголемување на бројот на Руси кои наводно веруваат дека влошувањето е единствениот начин за развој на односите со Соединетите држави;
  • Можност за формирање сојуз меѓу Русија и Кина.

Во написот се наведува дека опасноста од нуклеарна конфронтација расте во светот, додека Вашингтон се обидува да ја задржи својата хегемонија, потценувајќи ги последиците од решенијата за надворешната политика.

Авторот на статијата верува дека САД се потпираат на „несигурни сојузници“, поточно на НАТО, во конфликт со „непотребните противници“ – Русија и Кина.

Исто така, се наведува дека Кремљ дејствувал претпазливо сè додека експанзијата на НАТО не ги погоди поранешните советски републики.

„Покрај тоа, со цел да се овозможи проширување на НАТО, Летонија и Естонија им го одзедоа граѓанското право на своите жители од руско потекло“, тврди авторот на статијата.

 Порталот тврди дека Русија и Кина претпочитаат понормални односи со Соединетите држави отколку „антиамериканскиот сојуз“.

„Мора да се признае дека меѓународните односи ретко се црно-бели. Алијансите треба да бидат алатка на американската политика, но не и крај. Сакале или не, историјата секогаш се повторува . Оние кои се спротивставуваат на тоа, ризикуваат да бидат на погрешна страна “, заклучува авторот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This