ОВБИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ БАРА СНИМКИ ОД КАМЕРИТЕ ВО ЦРНА ГОРА: Рускоска најави дека се врши истрага за тоа кој му помогнал на Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овбинителството ќе бара снимки од безбедносни камери на црногорските гранични премини кои ги користел Никола Груевски при бегањето, изјави за Телма јавната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, откако денеска и официјално го презеде раководењето со овој оддел.

Од обвинителството велат дека издале наредби до полицијата интензивно да работи на откривање на луѓе кои помогнале при бегството на поаренешниот премиер, меѓу тие наредби се и наредби за проверка на телефонски повици и безбедносни камери. Од МВР велат дека досега прибраните информации се предадени на обвинителството, а во нив спаѓаат и разговори извршени со полицајци на граница и во други служби.

Шест дена по бегството, во приказната се вклучи и судскиот совет кој исто така потенцира дека Никола Груевски е бегалец. Немало седница на советот, туку колегиумот на судскиот совет денеска по допрен глас отворил постапка за да утврди дали судијата за извршување санкции во кривичниот суд имал пропусти при реализирањето на затворската казна на Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This