Овој е шести пат после фотографијата во авионот каде се славеше добивањето датум, да не се добие датум за преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Арбен Таравари во своето гостување во ТВ21 зборуваше за блokaдата од страна на Бугарија на отпочнувањето на преговори за влез во Европската унија. Таравари посочи дека ова е шести пат Македонија да не добие датум за преговори после фотографилата во авионот каде се славеше добивањето датум.

„Алијанса за Албанците заедно со Алтернатива неколку пати сме кажале дека Владата многу несериозно се однесува и ние како политичка партија поради неуспехот за добивање датум, односно отпочнување на преговорите што беше предвиденоза декември 2020 година но не се реализира и ова е шести пат од јуни 2018 година. Се сеќавате некаде пред јуни 2018 година една фотографија која многу кружеше по социјалните мрежи. Убава фотографија на господинот Заев, Османи, Никола Димитров и со поранешниот вицепремиер. Многу убава фотографија но тие тогаш славеа дека ние ќе ги почнеме преговорите во јуни 2018 година и нормално ова беше вест што сите не израдува и очекувавме во јуни 2018 да ги почнеме преговорите. Но за жал од тогаш овие лица кои ја водат надворешната политика и Министерстворо за евро-интеграции и премиерот во владата Заев 1 и Заев 2 овој му беше шести пат да не успеат“, рече Таравари.

Таравари додаде дека една грешка би можела да се прости, шест грешки укажуваат дека Владата нема капацитет .

Ако се згрешеше еднаш еве може да се прости но шест пати покажува дека оваа Влада нема капацитет и ние како партија сме да се бара одговорност за овие неуспеси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This