ОГРОМЕН ПРИМЕРОК: Змија долга 4 и половина метри yлoвена во кратовско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Змија долга четири ипол метри е yбиeна во Кратово.Станува збор за Смок кој бил забележан во кратовското село Филиповци.

За среќа случајно бил забележан од мештаните и со стап бил ycмртен.

Смокот се смета не отpoвна змија која живее во Македонија.

На главата има една муцкена лушпа која е барем толку длабока колку што е широка, образувајќи триаголна вдлабнатина помеѓу меѓуносните лушпи (ретко ги двои). На темето има девет големи лушпи. Носната лушпа често е поделена. Има само една (ретко две) предочна и две задочни лушпи. Слепоочните лушпи се во распоред 2+2 или 2+3 (ретко 1+2). Има седум (ретко осум) горноуснените лушпи, од кои третата или четвртата и петтата се граничат со окото.[3]

Средишниот дел од телото има 19 (ретко 17 или 21) реда грбни лушпи. За разлика од многу други змии што живеат на истото подрачје, лушпите им се мазни (не се засртени). Мажјаците имаат 150-164 стомачни лушпи, а женките имаат по 162–200. Чмарната лушпа е поделена (ретко цела), а подопашните лушпи се во парови. Мажјаците имаат по 54–70 подопашни лушпи, а женките по 40–76.[3]

Шарата на долниот дел од телото е кафеава, сива или црвенкасто кафеава[4] со два реда мали слабо забележливи точки долж грбот кон опашката. Во некои случаи, секој пар точки се спојува кај вратот neck area, образувајќи низа накрсни белези на грбот. Има и низа мошне слабо видливи точки долж страните на телото. Овие четири низи од точки се протегаат врз четири напоредни сенчести пруги кои исто така се протегаат по грбот и страните на телото.[3]

Врз главата има темен белег кој често има облик на круна, што се одразува во научното име родот — Coronella („круничка“). Од секоја ноздра се протега релативно широка темна пруга, оди над окото и долж страните на главата и завршува зад вратот. Горноусните лушпи се белузлави, сивкасто бели или светлокафеави, напати со темни точки. Јазикот е црвенкасто кафеав или темноцрвен

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This