Одбрани гости за онлајн консултативен состанок на тема образование – но кој ги прашува оние што немаат ни компјутер?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за образование и наука Мила Царовска попладнево одржа онлајн консултативен состанок со родители и ученици, на кој разговарале за новата концепција за основно образование која треба да стартува од идната учебна година.

Министерката истакнала дека мислењето на родителите и на учениците е клучно во создавањето на новата концепција и затоа покрај наставниците и тие се вклучени во целиот овој процес. Основната цел, соопштуваат од МОН, е сите заеднички да создадеме образование кое е во најдобар интерес на децата и кое му овозможува на секој ученик да го достигне својот полн потенцијал.

– Промените ги започнуваме од основното образование затоа што тоа е базата на образованието. Со реформите е предвидено учениците да поминуваат повеќе време во училиште, но не само за настава, туку и за други активности, курсеви и слично како што се дополнителен спорт, дополнителни часови по кодирање, дополнителен странски јазик и слично… Сето тоа треба да биде дел од училиштето и со тоа да дадеме еднаква шанса на сите деца. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици, потенцирала Царовска.

Таа истакна дека искуствата за новата концепција се црпат од десетина европски земји меѓу кои Словенија, Естонија и Финска. – Клучни за промените се и резултатите од меѓународните тестирања кои даваат јасна слика и во која насока треба да го движиме нашето образование. Сепак со новата концепција создаваме наш национален македонски образовен систем, бидејќи образованието е нешто што треба да биде национален интерес и национална гордост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This