Одбран е кандидатот за премиер Албанец: ДУИ ќе го соопшти денеска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска треба да го открие името на кандидатот за премиер Албанец, дознава Фактор од свои извори.

Денеска и официјално почнува предизборната кампања, а ДУИ на овие избори оди со кампања дека е време во земјава со извршната власт да раководи Албанец. Идејата беше промовирана на почетокот на месецов кога се уште не беше закажан датумот за одржување на изборите. Сега тие се закажани за 15 јули, а ДУИ на нив ќе настапува со свои листи, но и со кандидат кој треба да биде мандатар на идната македонска влада.

До вчера никој од ДУИ не сакаше да открие кој е кандидатот, но претходно повеќе високи партиски претставници изјавуваа дека таа личност не мора да значи дека е член на ДУИ, туку само дека е од албанска националност.

„Некои можат да ја наречат оваа идеја неостварлива. Некои можат и да ја потсмеваат нашата доверба во остварување на сонот на многу Албанци. Сепак, и тоа е добро. Кога некој ти го одрекува сонот, те поттикнува да работиш уште повеќе за да го оствариш“, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Сепак оваа идеја не беше прифатлива за другите албански партии, кои во оваа кампања видоа алиби на партијата за поразот кој, според нив го очекува ДУИ на овие избори.

„Ние не се согласуваме со господинот Ахмети затоа што со ниеден закон не е забрането Албанец да биде министер за внатрешни, министер за финансии, премиер… Зошто тогаш го збориме ова? Оваа демагогија, е кога се спрема да оди во опозиција. Првата вечер кога ќе бидат во опозиција ќе речат прифаќаме само да биде Албанец премиер, и затоа не влегуваме во Влада. А, всушност затоа што изгубиле. Уште сега се знае кој може да биде премиер Мицкоски или Заев. Јас не сум против Албанец да биде, ама ајде Ахмети нека ми даде математика како ќе стигнеме до тоа. Еве и сите албански партии да бидеме заедно, што ќе правиме со 30 пратеници? До 61 како ќе стигнеме? Ахмети ни ја понижува интелегенцијата, изјави Арбен Таравари, од Алијанса за Албанците.

Заев и Мицкоски одбија

СДСМ нема да прифати ултиматум за премиер Албанец од ДУИ дури и ако тие се клучни за формирање нова влада по изборите, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, посочувајќи дека ултиматуми не треба да прифатат ниту Мицкоски и Ахмети.

Завчера тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе бидат опозиција по изборите. Барањето и кампањата на ДУИ за премиер Албанец, лидерот Заев ја нарече национал-популистички концепт, поради кој тие ќе изгубат гласови

„Преговори во партиите постоеле и постојат. Првпат изнедривме мултиетничка коалиција со сите етникуми внатре, а тоа е сериозна гаранција за граѓанскиот концепт и нашата идна победа која ја очекуваме како пренесена одговорност од граѓаните. Ние имаме потпретседатели на СДСМ, имаме министри, пратеници во Собранието, директори на јавни институции од СДСМ, од сите етнички заедници. Ова што денес се пласира од ДУИ е само национал-популистички концепт и ништо друго. Верувам дека и ДУИ ќе изгуби поради тоа. Граѓаните треба да ги гледаме како кандидати во политиката, а по тоа како кадарни, квалитетни, посветени, луѓе со квалитет“, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак изјави дека на Македонците но и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред.

„Таков тип на барања може да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност во Македонија и ќе ја искористам оваа прилика да им се обратам и ним како политичка партија дека ваквата реторика и ваквиот начин на однесување не само што не носи добро туку напротив ја заострува ситуацијата во нашата држава. Ние ќе одговориме соодветно затоа што поминаа времињата кога ДУИ ќе се чувствува комотно и романтично во Владата на Република Македонија“, рече Мицкоски.

Според членот 90 од Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This