По силниот земјотрес на Мексико му се заканува цунами

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цунами со мала сила стигна до мексиканското крајбрежје откако моќен земјотрес попладнево го стресе јужниот дел на земјата, за руските медиуми изјави шефот на Националниот центар за предупредување за цунами, Мигел Рејес Мартинез.

Предупредувањето за цунами дојде по моќниот земјотрес во јужниот дел на Мексико, во Оахака, крај тихоокенаскиот брег. Според различни извори, магнитудата на земјотресот варира од 7,1 до 7,7 степени според Рихтеровата скала. Американските сеизмолози предупредија дека некои региони на западниот брег на Мексико се под закана од цунами со височина до три метра.

Во земјотресот засега е потврдена смртта на едно лице.

-Тоа беа мали бранови…. во регионот на Акапулко тие беа малку повисоки од метар, а во Оахака над 50 сантиметри и уште помали крај Чиапас. Тие не се разурнувачки, а по однос на амплитудата сигурно стануваше збор за мало цунами, изјави Мартинез.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This