ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА И ЗА CУДИИ И OБBИНИTEЛИ: Мицкоски по изборите ќе бара одговорност од oбвинитeли и cyдии за „Pekeт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека Обновата на Македонија ќе победи на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април, според договорот постигнат на вечерашната лидерска средба во претседателската Вила Водно.

На 3 јануари, потврди тој, ќе имаме техничка влада со нов премиер и технички министри и заменици. ВМРО-ДПМНЕ ќе има министри во МВР и во Министерството за труд и социјална политика и тројца заменици во другите министерства. Меѓутоа, персоналите решенија засега не се договорите и тие, рече Мицкоски, ќе се предлагаат и договараат дополнително.

– За нас е важен процесот, персоналните решенија дополнително ќе ги предложиме. Важно е дека имаме нова реалност. На 3 јануари ќе имаме премиер и техничка влада, на 12 април ќе имаме победник на изборите, а тоа ќе биде сигурен сум Обновата на Македонија – рече лидерот на опозицијата.

Тој го повтори она што го изјави и претседателот Стево Пендаровски и останатите лидери, а тоа е дека заклучиле дека сите остануваат посветени на европската интеграција и членство во НАТО, бидејќи како што рече „нема друга алтернатива за Република Македонија“.

Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања веќе почна и да ги дава првите изборни ветувања. Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи Закон за потекло на сите актуелни и поранешни политичари.

– Да видиме како е можно да стануваат просечни или натпросечни бизнисмени, без разлика да е сторен од лице од една или друга опција, дали е независен – рече Мицкоски.

Тој доби прашање дали ќе бара и ревизија на случајот „Рекет“.

– Ревизионизам нема да биде политика на ВМРО-ДПМНЕ туку комплетно независно обвинителство и судство. Ниту имам намера ниту ми паѓа на памет таков тип на однесување. Ниту, пак, имам намера да комуницирам со обвинители и судии да правиме некакви ревизорни политики. Но, ги охрабрувам и ќе барам одговорност ако не се работи согласно законите и процедурите, ако не се води транспарентно постапката, а има такви индиции, секој од нив ќе треба да си сноси одговорност – рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ излезе со спротивни ставови на премиерот Зоран Заев во однос на пописот и на изборниот модел.

Заев беше оптимист дека има време да се направи реформа на изборниот модел, но тој рече дека не верува оти ревидирање ќе се случи пред овие избори. Кога станува збор за пописот, Мицкоски смета дека 2020 не е погодна бидејќи е крај на една декада и за него добро е пописот да се направи во 2021 кога ќе се прави и во сите европски земји.

Тој рече за она што се преглага во моментов е познато дека имаат повеќе од 20 суштински забелешки и оти бараат тој да се спроведе според препораките на Еуростад. Од друга страна, пак, Заев посочи дека треба да се консултира Државниот завод за статистика и ако е можно пописот може да се спроведе и пред избори.

Фото: МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This