Одличен пpoфит од пандemијата: Фapмацевтска компанија зapaботи 900 милиони долари од лekот за kopoнавируcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антивирусниот лек „Ремдесивир“ кој го добиваат хоспитализираните пациенти заразени со коронавирусот, на производителот “Gilead Sciences” му донесе заработка од 900 милиони долари само во третото тромесечие од оваа година.

Антивирусниот лек „Ремдесивир“ кој го добиваат хоспитализираните пациенти заразени со коронавирусот, на производителот “Gilead Sciences” му донесе заработка од 900 милиони долари само во третото тромесечие од оваа година.

Благодарение на продажбата на лекот кој беше развиен без успех за лекување на хеморагиска грозница ебола, оваа компанија го зголеми својот тромесечен приход за 17% и изнесува вртоглави 6,58 милијарди долари.

Американската компанија “Gilead Sciences” стана рентабилна компанија и оствари нето добивка од дури 360 милиони долари.

„Ремдесивир“ е еден од првите лекови кои се покажаа како релативно ефикасни во ригорозните испитувања со цел да се намали периодот на опоравување на заболените од коронавирус, иако досега не е докажано дека лекот ја намалува смртноста.

Американскиот претседател Доналд Трамп кој неодамна беше заразен со коронавирус, примаше „Ремдесивир“ пет дена, како и други лекови.

Американската агенција за лекови “FDA” на 22-ри октомври издаде трајно одобрување за тој лек кој стана единствената специфична терапија за Ковид-19 одобрена трајно, а не привремено во Соединетите Американски Држави.

Европа и другите земји ширум светот исто така привремено го одобрија „Ремдесивир“ од пролетта.

На неодамнешната седница на македонската Влада беше одобрена набавка на овој лек кој наскоро ќе го добиваат хоспитализираните пациенти заразени со коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This