Одложено судењето за 27 април поради некоординираноста во Кривичен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судењето за случајот со 27 април е одложено бидејќи обвинетиот Мунир Пепиќ е на рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО каде исто така е еден од обвинетите.

Со доцнење од 40 минути, судечкиот совет за случајот 27 април влезе во судница, а судијката Добрила Кацарска им се извини на присутните.

– Иако, овие термини за судење се закажани уште во текот на месец септември поради некоординираност во судот се случи во ист ден и во ист термин да се суди друг предмет во кој како обвинет се јавува Мунир Пепиќ – рече Кацарска.

Таа нагласи дека уште од порано се закажани многу рочишта за НАСТАИТЕ НА 27  бидејќи станува збор за актуелен предмет во кој има обвинети кои се наоѓаат во притвор.

Судењето треба да продолжи утре со изведување докази на одбраната. Се очекува да сведочат двајца сведоци по предлог на пратеникот Крсто Мукоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This