ОДЛУКАТА Е ВЕЌЕ ДОНЕСЕНА?: Оливер Спасовски ќе биде новиот технички премиер?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оливер Спасовски ќе биде новиот технички премиер, дознава Фактор од партиски извори,

Од СДСМ, пак, официјално велат дека вчера вечерта не разговарале за тоа прашање, и прашањето за тоа кој ќе биде технички премиер се уште е отворено. Сепак, неофицијално потврдија дека Спасовски е еден од кандидатите.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека следната недела Социјалдемократскиот сојуз ќе решава за тоа кој од 3 јануари ќе биде на чело на техничката предизборна влада, како и заменици-министри од „Бихаќка“ во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и сооцијална политика.

„Намерата беше на последниот централен одбор некаде на средината на декември да се разгледаат кадровските решенија. Јас верувам дека следната недела ќе може да зборуваме за нашите кадровски решенија“, изјави шефот на Владата пред медиумите.

Премиерот Заев додаде дека се уште нема дефинитивни решенија, па според тоа не може да се објават нивните имиња засега во јавноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This