ОДЛУКАТА НА ДИК E НЕОСНОВАНА: Судот досега отфрлал и посериозни прекшроци но поведувал кривични и немало прегласување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку Државната изборна комисија во текот на утрешниот ден реши да работи согласно закнот и утврдената судска пракса, тогаш решението за прегласување на изборното место 0396/1 во Гостивар каде што спорен беше гласот на Фатиме Сулејмани од Косово би требало да биде отфрлена со акламација

upraven

Имено, во досегашната пракса на Управниот суд постојат низа на пресуди во кои се отфрлаат како неосновани тужби на политички партии, кои ги оспорувале решенијата за ДИК со кои биле отфрлени приговорите на политичките партии.

Флагрантен пример за тоа е тужбата до Управниот суд од ДУИ по која судот одлучувал на 27.04.2013 година, а пресудата е заведена под Урп.бр.671/2013.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Незадоволен од Решението на Државната Изборна Комисија, тужителот поднесе тужба во која се наведува дека на односното избирачко место било забележано групно и семејно гласање, едно лице гласало повеќе пати – што можело да се утврди од избирачкиот список, бидејќи бројот на потпишани гласачи не се совпаѓа со бројот на гласачи кои гласале, при што во Забелешката од Записникот за избирачкото место било наведено со име и презиме лице кое не гласало – кое било во странство, со што бил нарушен процесот на гласање и слободната волја на граѓаните, како и дека во избирачкиот список биле евидентирани помалку заокружени и потпишани гласачи кои гласале од бројот на гласачки ливчиња кои биле во гласачката кутија.“ – стои во образложението на тужителот, во случајот политичката партија ДУИ.

 

[/kopa_block_quote]

Имено, се работи за лице за кое е утврдено дека гласало во име и за сметка на неговиот брат кој бил во странство, што би значело дека се работи за веќе утврдено прекршување на изборната волја, но во случајов личната избирачка волја на гласачот, што битно не може да влијае врз исходот од изборниот процес. Или во други зборови, бидејќи лицето во чие име е гласано не реагирало, се претпоставува дека е нарушено само гласачкото право на засегнатото лице, а со тоа не е нарушен ниту избирачкиот процес.

Понатаму во образложението судот вели.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„…за докажување на истата е неопходно поведување на друга, соодветна постапка, во која би можело да се утврди дали и кој извршил злоупотреба на гласачкото право како и дали и кој член на избирачкиот одбор истото го дозволил, така што ваквата околност, во овие и вакви услови, не може да претставува релевантен правен основ за поништување на гласањето на соодветното избирачко место….“ – стои во образложението на пресудата на Управниот суд со кој се одбива жалбата на ДУИ со која се бара укинување на решението на ДИК, и барање за прегласување на избирачкото место.

 

[/kopa_block_quote]

Што ова значи?

Согласно одлуката на Управниот Суд, повредата, односно злоупотребата на гласачкото право како и одговорноста на избирачкиот одбор кој тоа го дозволил треба да биде докажано во соодветна постапка, односно кривична постапка, но самиот формално-правен прекршок не претставува битно прекршување на избирачкиот процес, а со тоа не може битно да влијае врз изборниот процес (бидејќи се работи за загорзено лично избирачко право, право на едно лице), со што судот го отфрла барањето на ДУИ за прегласување на избирачкото место.

Ова е само еден во низата случаи, идентични или потешки од оние со кои ДИК се обидува по однос на барањето на Беса да злоупотреби граѓнин на Косово да влијае врз изборната волја на Македонските граѓани.

Има случаи и во кои судот одлучил да не се прегласува, а притоа флагрантно било прекршено ЛИЧНОТО избирачко право на одреден избирач, при што се постапувало во соодветна, кривична постапка но тоа не било основ за прегласување, бидејќи како изолиран инцидент, односно прекршок не можел да битно да влијае врз исходот од гласањето.

Ова е слично и на актуелниот случај во спорното избирачко место 0396/1 во Гостивар, каде што поради 1 глас, кој бил констатиран како спорен не би можел битно да влијае врз исходот и да биде основ за прегласување.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This