April 27, 2024, 10:01 pm

Одрони пpeдизвикаа застој на регионалните патишта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Cе пренасочува сообраќајот на релација Делчево – Скопје, по одроните кои предизвикаа застој на регионалниот патен правец Кочани – Делчево.

Од делчевската подружница на ЈП „Македонија Пат“ информираат дека до отстранување на проблемот, возачите од Делчево и Македонска Каменица кои имаа потреба да патуваат кон Скопје, тоа ќе треба да го направат преку алтернативните патни правци.

-Ги известуваме возачите дека поради ситуацијата со одроните, сообраќајот за лесни возила кои сообраќаат од Делчево и Македонска Каменица кон Скопје се преносочува преку патниот правец Делчево – Бигла, додека за тешки товарни возила и автобуси сообраќајот е пренасочен преку патот Делчево – Берово, изјави Влатко Цоневски од делчевската подружница на „Македонија пат“.

Патот Делчево – Македонска Каменица, како што додадоа од „Македонија пат“ е чист и за возачите кои сообраќаат на овој пат нема забрани за движење. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This